Dj N.Matle Set

Obtener Plugin Flash para visualizar este reproductor

 
 

Букинг агенција за организирање на јавни културни настани „КЛAББИНГ“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Биографија 

 

 

По повод 4 годишното успешно работење во сферата на промовирање музички и културни настани во Битола и низ Македонија, дел од битолската групација Fresh Union, осеќа потреба за проширување на своето работно искуство на попрофесионален план и се решава тоа да го реализира во проектот наречен BitolaClubbing.com.

Идејата за овај проект е стремежот за висок дострел на претставување на поимот CLUBBING во нашата држава а и пошироко. BitolaClubbing.com ги поседува сите права, стандарди и прописи во иста мерка како и останатите booking агенции ширум светот.

Базирајки се на долгогодишното успешно работење со промоции на познати светски имиња од областа на музиката ширум Македонија и стремежот за експанзија на работен план, проектот BitolaClubbing.com внесува драстични мерки за проширување на маркетингот и начинот на презентирање на clubbing-oт во секојдневието.

Располага со сопствен веб сајт www.BitolaClubbing.com каде што редовно можат да се видат и пратат информации, новитети и занимливости од областа на музичката култура ширум светот.

Проектот располага и со нет радио со презентирање на сите новитети од областа на електронската музика, а наскоро се очекува и основање на сопствен Лабел кој што ке ја има таа чест да го заземе статусот на примат во нашиот град.